5 експлозии на метеори кои ја покажуваат застрашувачката природа на нашата галаксија

Секој ден, Земјата ја бомбардираат околу 100 тони остатоци од вселената. Можеби звучи застрашувачки, но навистина не е, бидејќи повеќето од тие остатоци се многу мали објекти (обично со големина на зрно песок) па согоруваат во горниот слој на атмосферата, десетици километри над земјата.

Но, одвреме-навреме, нешто поголемо ја погодува Земјата и додека поголемиот дел поминува незабележано, некои го задржуваат вниманието на целиот свет и оставаат трага која само не потсетува на застрашувачката големина на вселената.

1. Метеорот во јужниот Атлански океан

1На 6 февруари 2016 година, метеор со големина од околу 5 метри во дијаметар влезе во атмосферата на Земјата. Движејќи се со брзина од десетици километри во секунда, воздухот пред него се загревал и компресирал при што објектот испарувал се до одредена точка кога достигнал 20 до 30 км. над јужно Атланскиот океан и експлодирал со сила приближна на 12.000 тони ТНТ (што е приближно еднакво на експлозивната сила на атомската бомба фрлена врз јапонскиот град Хирошима).

Зачудувачки, никој не ја видел оваа експлозија. Позната ни е единствено поради мерењата на разни одбранбени и научни установи кои забележале атмосферски нарушувања.

За жал, повеќето метеори горат како овој, без никој да ги види.

2. Метеорот во Челјабинск

На 15 февруари 2013 година, небото над Челјабинск, Русија, го пресече огнена топка многу пати посветла од Сонцето, со брзина од околу 20 км. во секунда.

Според проценките, објектот изнесувал 20 метри во дијаметар и експлодирал со сила од 500.000 тони ТНТ, кршејќи илјадници прозорци и предизвикувајќи штета во должина од 89 километри на двете страни од неговата траекторија. И покрај тоа што експлодирал во атмосферата, биле повредени преку 1.200 жители од тој регион, што укажува на шетата што експлозијата на еден метеор може да ја нанесе на населено место.

Овој метеор доби светска слава.

3. „2008 TC3“

3На 7 октомври 2008 година, објект со големина од 4 метри во дијаметар и тежина од околу 80 тони влезе во атмосферата на Земјата над северен Судан. Движејќи се со брзина од околу 13 км. во секунда експлодираше десетици километри над земјата, со сила од околу 1.000 тони ТНТ, притоа осветлувајќи го небото како огнена топка што можеше да се забележи на оддалеченост од 1.000 км.

Иако не стекна голема слава, ова е првиот објект кој е забележан и следен пред да ја достигне Земјата. Оттогаш постојано се следат многу метеори, но процесот не е непогрешлив. На пример, многу поголемиот метеор над Челјабинск не бил детектиран се до неговото пристигнување на небото над Русија.

4. Тунгунската експлозија

4Катастрофална експлозија која се случила на 30 јуни 1908 година над ретко населен предел од источен Сибир, при што шумска површина од околу 80 метри била срамнета со земја. Подоцнежните анализи сугерирале дека силата на експлозијата изнесувала околу 15 мегатони ТНТ, што е повеќе од 1000 пати посилно од бомбата во Хирошима.

Проценките на големината и брзината на метеорот зависат од претпоставките за неговиот состав – карпестите ледени метеори имаат различна густина и се однесуваат различно за време на нивното паѓање. Сепак, се смета дека метеорот изнесувал 50-200 метри во дијаметар и дека експлодирал 5-10 км. над земјата.

Експлозијата резултирала со сеизмички и атмосферски нарушувања во Азија и Европа, но зачудувачки немало никакви жртви.

5. Кратерот Барингер

5Овој кратер широк 1.200 метри и длабок 170 метри во пустината на Аризона е доказ за тоа што се случува кога метеорот ќе го преживее патувањето низ атмосферата на Земјата и ќе удри во површината на Земјата.

Моделите сугерираат дека кратерот е создаден од метеор со големина од околу 50 метри во дијаметар, кој удрил во земјата со брзина од околу 13 км. во секунда и сила од 10 мегатони ТНТ.

Иако не се разликува многу по големина и брзина од метеорот од Тунгунската експлозија, разликите во потеклото и составот предизвикале тој да не се распадне и да не експлодира во атмосферата. За среќа, ударот се случил пред околу 50.000 години кога тој регион бил ненаселен, но останува како суров потсетник на деструктивната моќ на вселената.

Поддржете ја нашата работа: