5 факти за сексот поддржани од науката

Иако, новите романси може да донесат понтензивни страсни моменти, овој „оган“ може брзо да почне да гасне, ако секси долната облека и секс-играчките почнат да собираат прав во фиоките. Затоа, ако сакате повторно да ја „запалите“ страста помеѓу вас и вашиот партнер или едноставно сакате да ги подобрите вашите сексуални вештини, време е да се ослободите од инхибициите со помош на овие тајни, за да имате најдобар секс досега.

1. Препуштете и нешто на имагинацијата

Иако работното време нѐ држи одвоени од партнерот барем осум часа, многу е важно страста да се одржи и покрај физичката раздаленост. „Партнерите можат да си испраќаат секси СМС пораки или имејл еден на друг во текот на денот“- вели д-р. Френ Велфиш, психотерапевт од Беверли Хилс во Калифорнија. Овие пораки ќе послужат како потсетници за тоа колку го привлекува партнерот и колку ја цени неговата физичка и внатрешна убавина.

И едно обично „Те сакам“ може да биде ефикасно, но контактот со очите и взаемното почитување ќе ја направи вистинската разлика помеѓу едно досадно „те сакам“ и едно примамливо „те сакам“. Паровите може и да се обидат со секс рано наутро, за да го започнат денот на вистински начин. Ова ќе ги охрабри партнерите да си испраќаат „непристојни“ пораки во врска со нивната  утринска возбуда. Едно истражување спроведено во клиниката за ИВФ во Сиднеј, Австралија, покажало дека честото практикување секс наутро може да го подобри квалитетот на спермата па дури и да ја зголеми плодноста кај жената.

2. Поминете барем еден ден во месецот без партнерот

Кај паровите кои имаат одвоени животи, или работат ссмостојно, постои поголема шанса да си недостасуваат еден на друг и повеќе да го ценат времето што го поминуваат заедно после краткиот период на разделеност. Една студија од 2103 година покажува дека една ноќ одвоеност од партнерот може да донесе повеќе секс во врската, бидејќи партнерите имаат тенденција да внесат повеќе енергија во врската и да чувствуваат помалку стрес околу проблемите во домот. Велфиш верува дека никого не го привлекуваат зависни личности, а кога лицата ќе почнат да развиват и негуваат сопствени сфери на интерес, тие стануваат многу попривлечни за партнерите.

3. Разговарајте во спалната соба

Паровите би требало да  зборуваат за своите сексуални потреби и желби во спалната соба. „Најголемиот проблем во спалната соба, особено за жените, произлегува ако  партнерите не ги кажуваат своите сексуални желби“ – вели Велфиш. Таа верува дека мажите се подобри од жените, кога се работи за нивните потреби во спалната соба и во барањето тие да им се исполнат. Ова е резултат на една поранешна култура кога жените биле научени да бидат домаќинки, да готват, чистат и да ги исполнуваат обврските во спалната, а можите да донесат пари во домот.

Велфиш предлага дека мажите треба да бидат поотворени во барањето на специфичните работи што ги посакуваат, како, колку често и каков секс сакаат. Статистиките покажуваат дека мажите многу повеќе изневеруваат во врските. За да се намали тоа, вели Велфиш, мажите би требало поотворено да го бараат она што го сакаат од своите партнерки и сопруги, што може да помогне да се сочува верноста. Сексуалните желби се едни од најчестите фактори кои допринесуваат  луѓето да почнуваат да изневеруваат.

Затоа, мажи и жени, ако сакате да сте задоволни од сексот, проговорете за тоа што сакате во спалната. Едно истражување од 2012 година покажува дека тие кои зборуваат за секс, за време на сексот, се повеќе сексуално задоволни од оние кои не зборуваат. На тие што им е незгодно да зборуваат за своите желби, можат со невербални знаци да му ги покажат на партнерт своите најскриени и „најмрачни“ желби.

4. Пробајте нешто ново заедно

Паровите кои западнале во рутина, би требало да ги размрдаат работите и надвор од спалната соба. Лесли Доарес, брачен и семеен терапевт, советува паровите да одат на одмор и да поминуаат многу време заедно, надвор од спалната. Ова ќе придонесе за повеќе забава кога ќе се вратат во спалната соба.

Истражувањата покажуваат дека дури и мали и едноставни промени може да резултираат со поголемо задоволство во спалната соба. Развијте чувство за хумор во врска со сексот и интимноста и ќе го подобрите на долг рок.

5. Декорирајте ја спалната во виолетово

Независно дали виолетовата боја ви е омилена или не, таа може да биде чудесна за вашиот сексуален живот. Едно истражување спроведено од трговската фирма „Литлвудс“ покажало дека тие што имаат виолетов декор во спалната, имаат околу четири интимни средби неделно. На второ место е црвената со три интимни средби неделно. Затоа, слободно купете виолетова постелнина или некое виолетово парче мебел, ако сакате да имате поактивен сексуален живот.

Земете ги предвид овие совети, за да го зајакнете вашиот сексуален живот. „Важно е да направите каква било промена надвор од спалната соба во време кога и двајцата имате позитивни чувста за вашата врска“- вели Доарес. Сексот е многу лична работа и лесно може да се најдете повредени или во дефанзива.

Поддржете ја нашата работа: