5 најчести сексуално преносливи болести кај мажите

Никој не сака да зборува за сексуално преносливите болести, но според Американската асоцијација за сексуално здравје, речиси половина од населението, во еден период од животот ќе добие некоја сексуално пренослива болест (СПБ). Затоа е многу важно на време да се препознаат симптомите и инфекцијата да се санира пред да стане сериозен ризик за здравјето. Ова се најчестите СПБ кај мажите:

Хуман папилома вирусот (ХПВ)

Инфекциите со ХПВ се меѓу најчестите помеѓу обата пола, и според Центарот за контрола и превенција на болестите на САД, речи секој сексуално активен маж или жена во текот на својот живот ќе се зарази барем од еден вид од ХПВ. Постојат многу различни видови ХПВ. Некои од нив предизвикуваат здравствени проблеми меѓу кои генитални брадавици и рак. Повеќето од луѓето со ХПВ не знаат дека се инфицирани и не развиваат симптоми или здравствени проблеми од нив. За среќа, сега постои вакцина кој штити од овој вирус, но не постои лек за тие кои се веќе инфицирани.

Генитален херпес

Иако гениталниот херпес е нешто почест кај жените, еден од пет мажи ја има оваа болест, од кои повеќето се на возраст под 25 години. Оваа СПБ ја предизвикуваат два вируси: ХСВ 1 и ХСВ 2. Херпес може да се добие преку вагинален, орален или анален секс со некој кој ја има болеста, дури и кога инфицираниот партнер нема видливи рани. Иако нема лек за оваа болест, таа ретко е поврзана со посериозни здравствени ризици.

Хламидија

Иако е прилично честа, хламидијата поминува потполно незабележана кај околу 20 до 50 проценти од мажите, бидејќи ретко предизвикува симптоми. Мажите ретко развиваат здравствени проблеми од хламидијата, иако инфекцијата може да се пренесе до тубите кои ја носат спермата до тестисите и да предизвика болка и треска. Симптомите кај мажите можат да бидат во вид на исцедок од пенисот, чувство на печење при мокрење и болки и оток во едниот или двата тестиси (иако е ова многу поретко). За среќа, болеста се лечи со антибиотици.

condom

Гонореја

Гонорејата е многу честа и кај мажите и кај жените. Кај многу мажи гонорејата се одвива асимптоматски. Кога се присутни, симптомите обично се јавуваат еден до четиринасет  дена после инфекцијата  во вид на печење и болка за време на мокрење, или како бел, жолт или зелен исцедок од половиот орган. Во случаи кога уретралната инфекција се комплицира во епидидимитис, кај мажите со гонореа може да се јават болки во тестисите или скротумот. Гонорејата исто така се лечи со антибиотици.

Сифилис

Сифилисот не е толку честа сексуално пренослива болест, иако според Центарот за контрола и превенција на болестите во САД во 2014 година имало пријавени 63.450 нови случаи на сифилис. Болеста е почеста кај мажите, особено кај тие што имаат сексуални односи со мажи. И оваа инфекција се лечи со антибиотици.

Сифилисот се одвива во четири стадиуми, од кои секој има посебни симптоми. На пример,  во примарниот стадиум се јавува мала раничка на гениталиите која може погрешно да се дијагностицира како враснато влакно. Во вториот стадиум, инфицираното лице може да развие осип по целото тело. Во крајниот стадиум, болеста ги оштетува внатрешните органи – мозокот, нервите, срцето, очите, црниот дроб, крвните садови, коските и зглобовите и се манифестира со некоординирани движења на мускулите, вкочанетост , парализа , постепено слепило и деменција.

Прочитајте повеќе на Енаука.мк: 5 најчести сексуално преносливи болести кај жените

Поддржете ја нашата работа: