На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин стана првиот човек кој отпатувал во вселената. 27-годишниот космонаут исто така стана и првиот човек кој орбитирал околу Земјата со вселенското летало Восток 1, за што биле потребни 1 час и 48 минути минути.
Овој историски подвиг претставуваше триумф за вселенската програма на Советскиот Сојуз и отвори нова ера во историјата на истражување на вселената. Гагарин стана национален херој и светски позната личност.
Оттогаш, Русија го слави 12 април како Ден на космонаутиката, а од 2011 година, 12 април се слави и како Меѓународен ден на човековите летови во вселената.
Поддржете ја нашата работа: