6 малку познати факти за менструалниот циклус

Месечниот циклус односно менструацијата кај жените е знак дека телото работи нормално, обезбедувајќи хормони кои ги одржуваат жените здрави. Менструалниот циклус го подготвува телото на жените за бременост секој месец. Со покачувањето на нивото на естроген, се здебелува ѕидот на матката и телото се подложува на уникатни промени многу поголеми од грчеви, акни или ПМС.

Како што телото се адаптира на менструалниот циклус (од два до седум дена), кои се надворешните физички промени со кои се соочува? Без особен редослед, издвојуваме 6 малку познати факти за мистеријата на овој месечен подарок од мајка природа.

  1. Менструалниот циклус ги намалува когнитивните способности

Болките во стомакот, болките во грбот и гадењето во текот на менструалниот циклус може да влијаат на начинот на кој жените размислуваат и се чувствуваат, со што се намалува нивната когнитивна способност. Според едно истражување од 2014 година, менструалните грчеви и болки може да влијаат на способноста за селективно внимание, поделба на вниманието и префрлување на вниманието од една на друга задача.

  1. Менструалниот циклус може да го промени гласот

Хормоналните промени кои се поврзани со циклусот на жените може да го променат звукот на нивниот глас. Се верува дека клетките од гркланот и вагината се слични и покажуваат слични рецептори на хормони. Едно истражување од 2011 година покажува дека мажите можат да разликуваат дали жената има менструален циклус според бојата на нејзиниот глас.

  1. Мажите помалку ги привлекуваат жените кои имаат менструација

Мажите можат да распознаат кога жените имаат менструација не само според нивниот глас, туку и според нивниот мирис. Истражувањата на животни покажале дека на нивото на тестостерон кај мажите влијае мирисот на жените, особено ако тие се во период на овулација. Едно истражување од 2010 година покажало дека нивото на тестостерон кај мажите значително се зголемило кога тие помирисале маици носени од страна на жени во овулација, во споредба со маици од жени кои не биле во овулација.

  1. Менструалниот циклус може да ги направи жените поенергични и порасположени за секс

Менструалниот циклус на жените е поврзан со сексуалниот нагон. За време на циклусот, нивото на прогестерон кај жените е најмало, поради што може да се чувствуваат поенергични и порасположени за секс. Покрај тоа, се смета дека дополнителната лубрикација од менструацијата ја прави пенетрацијата поудобна.

  1. Жените може да забременат за време на менструалниот циклус

Оние жени кои практикуваат секс за време на циклусот, треба да имаат на ум дека сепак може да забременат. Жените кои имаат типичен циклус на секои 28 до 30 дена имаат помали шанси со оглед на тоа што овулацијата ќе настапи за неколку дена, но жените кои имаат пократок циклус од 21 до 24 дена имаат поголеми шанси да забременат, според Американското здружение за бременост.

  1. За време на циклусот просечно истекува помалку од една чаша крв

Некои жени може обилно да крварат и да употребат китии влошки и тампони, но загубата на крв не е толку голема. Обично во текот на првите два дена крварењето е најобилно, а просечната количина на изгубена крв изнесува од неколку лажици до една чаша, според медицинскиот факултет при Универзитетот во Њујорк.

Крварењето кое води до промена на натопена влошка или тампон почесто од секои два часа се смета за надвор од границите на нормалата и се препорачува лекарска помош.

Поддржете ја нашата работа: