6 видови храна кои можат да му дадат лош мирис на телото

Секој од нас има специфичен природен мирис на телото, што во голема мера е детерминиран од генетиката, севкупната здравствена состојба и се разбира од личната хигиена.

Меѓутоа, на мирисот на нашето тело влијание имаат и пијалоците и храната што ја јадеме. Некои од овие намирници можат да му дадат непријатен мирис на телото. Според клиниката Мејо, намирниците како што се лукот и кромидот содржат испарливи сулфурни супстанции кои може да се ослободуваат преку потта. Тие, по варењето, се апсорбираат во крвта и во белите дробови, давајќи му на телото лош мирис.

foods-that-cause-body-odor

Затоа, за да бидете сигурни дека она што го јадете ќе ви помогне да мирисате убаво, избегнувајте ги следните намирници

Алкохол

По некоја чаша вино или пиво од време на време нема да преизвика непријатен мирис на телото, но може да доведе до непријатен здив следното утро, ако претходната вечер сте се напиле некоја чаша. Поголемиот дел од алкохолот што сте го испиле се метаболизира во црниот дроб, но еден дел се ослободува и преку потта и респираторниот систем. Па затоа, ако сте претерале со алкохол, не само што ќе ви мириса здивот на алкохол, туку  мирисот може да излегува и од вашите пори.

Аспарагус

После конзумирање на аспарагус може да се забележи дека урината има подруг мирис. Се смета дека овој мирис потекнува од дигестијата на меркаптанот- сулфурната компонента која се распаѓа во мирисни хемиски компоненти. Една студија од 2010 година покажала дека кај некои од учесниците во истражувањето не се јавува мирис во урината, бидејќи им недостасува ген за ензимот кој е одговорен за разградување на зеленчукот до неговите мирисни компоненти.

Кафе

Овој омилен утрински пијалок не само што го активира мозокот, благодарение на кофеинот, туку ги активира и потните жлезди. Кофеинот е диуретик што може да доведе до сувос  во устата. Сувата уста особено е погодна за развој на бактерии.

Кари и кумин

Зачините, како што се карито или куминот, го прават јадењето повкусно, но исто така може да го пореметат природниот мирис на телото, бидејќи можат да останат во порите со денови. Според „Berkeley Wellness“ од Универзитетот во Калифорнија Беркли, ако пренаталната исхрана на мајката содржи многу зачини, како кари, кумин или сл, тоа може да влијае и на мирисот на новороденчето.

Црвено месо

diet-affect-body-odor-1

Едно истражување од 2006 година, објавено во списанието „Chemical Senses“, покажало дека учесниците кои не јаделе месо имале значително попријатен и помалку интензивен природен мирис на телото, во споредба со учесниците кои јаделе месо. Ова се должи на поголемиот временски период што е потребен месото да помине низ дигестивниот систем. Ова доведува до полош мирис на потта, на здивот, како и лоша работа на цревата.

Малку зелена храна

Зелената храна не е добро само за здравјето, туку и за мирисот на телото. Според Институтот „Linus Pauling“ при Државниот Универзитет во Орегон, хлорофилот од билките  во 1940 и 1950-тите години се користел орално како „внатрешен деодорант“ за раните.

Јадењето храна богата со хлорофил, како што е спанаќот на пример, може да го спречи лошиот мирис на телото.

Поддржете ја нашата работа: