8 туристички дестинации за љубителите на науката

Навистина, за да стигнете до некои од нив ќе треба малку повеќе да се потрудите, но секако вредат за трудот.  

 

Часовникот на „The Long Now“



„The Long Now“ е организација основана да и противречи на опседнатоста на нашата култура со моменталните краткорочни придобивки, на сметка на долгорочното планирање. Една од методите што ги користат се однесува на сегашниот датум со пет цифри – на пример наместо „2015“ да се користи „02015“, укажувајќи на „проблемот – година 10.000–та“. Часовникот би требало да го мери времето 10.000 години.

За да ја истакнат својата намера, членовите, меѓу кои и музичарот Брајан Ино и повеќето од основачите на магазинот „WIRED“, одржуаат два функционални прототипови на часовникот 10.000 години во Форт Мејсон, во Сан Франциско.

Сончевиот систем во Блек Рок, Невада


Двајца филмаџии – Вајли Оверстрит и Алекс Горош, неодамна, во пустината Блек Рок во Невада, САД, изградија креативен модел на Сончевиот систем, што на импресивен начин ја прикажува неговата величина и нашето место во него.

Телескопот Хоби-Еберли

Најголемиот телескоп на Земјата е лоциран во опсерваторијата Мекдоналд во Западен Тексас и е заедничко дело на Универзитетот во Тексас и Пенсилванија. Телескопот, користејќи спектрометрија, го проучува растојанието помеѓу ѕвездите, планетите и галаксиите и го обезбедува најјасниот поглед на далечниот универзум што може да се добие преку телескопите поставени на Земјата. Со помош на овој телескоп научниците исто така успеале да го измерат радиусот на супермасивните црни дупки и да ја набљудуваат ротацијата на далечните галаксии.

Големиот хадронски судирач

Големиот хадронски судирач е најголемиот и најбрзиот акцелератор на честички што постои. Нему му се припишуваат заслугите за приближувањето на човештвото чекор поблиску до теоретските физички принципи, како постоењето на „Божјата честичка“. Хадронскиот судирач е лоциран длабоко под истражувачкиот центар на ЦЕРН во Женева, Швајцарија. Се разбира, најблиску што може да стигнете до него е туристичка обиколка на објектите на ЦЕРН на површината, но и тоа е голема работа.

Научниот центар Тесла во Вандерклиф

Иако повеќето лаборатории на Тесла се уништени или пренаменети, кампањата иницирана од  „Indiegogo“ за спас на последната лабораторија на Тесла во Шорхам, Њујорк, ја постигна целта. Сепак, ќе бидат потребни многу пари да се очисти и да се реновира делот што бил руиниран од хемикалиите на една компанија за обработка на фотографии, што ја користела лабораторијата на Тесла после неговата смрт. Кога тоа ќе биде готово, ќе може да го видите местото каде еден од најголемите научници на сите времиња ги вршел своите последни експерименти.

Крвавите водопади

Од пукнатина на глечерот Тејлор на Антарктикот излегува водопад со црвена боја. Црвената боја на водата потекнува од железниот оксид, со кој се богати подземните води. Водата која излегува од глечерот доаѓа од солено подземно езеро. Крвавите водопади се посебно интересни за биолозите, бидејќи претставуваат дом на цел екосистем од микроорганизми кои со милениуми се заробени во екстремни услови.

Сувите долини на Антарктикот

А, кога сте веќе на Антарктикот, посетете ги и Сувите долини. Поради својата екстремно ниска влажност и отсуството на снег и ледена покривка, ова место се смета за најсувото место на Земјата. Тука е сместен „McMurdo“, истражувачки центар за долгорочни еколошки истражувања, бидејќи научниците сметаат дека условите во Сувите долини се најслични на копнените услови на Марс, па затоа ги користат за истражувања за тоа каков би бил животот на Марс.

Истражувачкиот центар на „Спејс икс“

Моментално најјаката компанија „Спејс икс“ (SpaceX), раководи со истражувачкиот објект во Хоторн, Калифорнија. Но, посетата на овој објект не може да ја направите со едноставно купување на билет. Овде влегуваат луѓе кои познаваат некого (или некого кој познава некого), па затоа може ќе треба да се потрудите малку повеќе, но трудот секако ќе ви се исплати.

Поддржете ја нашата работа: