8 видови на храна и пијалоци кои предизвикуваат гасови

Создавањето на гасови е знак дека нашето тело функционира нормално. Кога ја џвакаме и проголтуваме храната, малку воздух останува заробен во нашиот стомак. Покрај тоа, бактериите кои природно живеат во цревата испуштаат гасови при разложувањето на одредена храна.

Според Националниот институт за здравство, дел од овие гасови се апсорбираат од страна на тенкото црево, од каде што патуваат до белите дробови и излегуваат во вид на здив. Останатите гасови пак, наоѓаат различни методи за да излезат од телото. Испуштањето на гасови и ждригањето се начини на коишто нашето тело се ослободува од вишокот на воздух. Една личност просечно испушта гасови околу 10 пати и ждрига дури уште почесто.

Некои видови на храна предизвикуваат повеќе гасови отколку другите, во зависност од тоа колку е можно да се сварат одредени соединенија, како што се јаглехидратите, кај една личност.

Следи листа на некои од најчестите предизвикувачи на гасови.

1. Грав

1

Нема подобар начин да се започне листата отколку со храната која има најлоша репутација кога станува збор за предизвикување на гасови. Гравот предизвикува гасови бидејќи содржи големи количини на соединение познато како рафиноза. Кај некои луѓе нема доволно ензими кои се потребни за разложување на рафинозата во тенкото црево. Како резултат на тоа, соединението преминува во дебелото црево неразложено, каде што се среќава со бактериите во него. Присуството на гас со коешто многумина се соочуваат после јадењето на грав е последицата од овој процес.

2. Зеленчук

2

Иако можеби мислите дека вишокот на растителни влакна во одредени зеленчуци водат до прекумерни гасови, всушност повторно станува збор за рафинозата. Некои од зеленчуците кои содржат највисоко количество на рафиноза се грашок, брокула, зелка, аспарагус и карфиол. Покрај рафинозата, некои видови на зеленчук исто така содржат и сулфур.

3. Кромид

3

Кромидот содржи високо ниво на фруктани. Фруктаните се природниот начин на којшто некои видови на овошје или зеленчук ги складираат своите јаглехидрати. Како што е и случајот со рафинозата, човечките црева не произведуваат доволно ензими за да се разложи фруктозата, па како резултат на тоа овие соединенија завршуваат во дебелото црево, предизвикувајќи гасови.

4. Овошје

4

Некои видови на овошје навистина предизвикуваат гасови. Причината за тоа е двојна. Не само што некои од нив содржат високи количини на сорбитол – соединение на шеќер за кое е познато дека предизвикува гасови, туку исто така имаат и растворливи влакна, кои ги разложуваат бактериите во дебелото црево. Меѓу најлошите предизвикувачи на гасови се сливите, јаболките, праските и крушите.

5. Јаглехидрати

5

Повторно, недостатокот на ензими потребни за варење на јаглехидратите. Без овие ензими, јаглехидратите преминуваат неразложени во дебелото црево, каде што стануваат главен извор на храна за стомачните бактерии. Резултатот на овој биолошки процес е зголемениот број на гасови.

6. Газирани пијалоци

+

Прилично е очекувано дека пијалоците со вишок на воздух можат да доведат до вишок на гасови, но карбонизацијата не е единствената причина за тоа. Вештачките засладувачи кои се користат се исто така тешки за разложување и следствено заостануваат во дигестивниот процес, со што се повеќе подложни да бидат разложени од страна на стомачните бактерии во дебело црево. Сепак, има и уште една причина зошто газираните пијалоци ни предизвикуваат гасови – начинот на кој ги пиеме. Пиењето на пијалоци со сламка ја зголемува количината на воздухот што го проголтуваме.

7. Гума за џвакање

7

Џвакањето е еден од најлесните начини за проголтување на вишок воздух. Исто така, слично како со газираните пијалоци, вештачките засладувачи во гумите за џвакање можат да доведат до иритации во форма на вишок гасови.

8. Овес

8

Оброкот кој вклучува овес, како што се овесните житарици, содржи високо растворливи растителни влакна. За разлика од нерастворливите влакна, растворливите се прошируваат кога се изложени на вода и всушност може да го забават варењето на храната. Овој тип на влакна се добри за намалување на холестеролот во крвта како и дијареата и проблемите со дебелото црево, но може да предизвикаат прекумерни гасови.

Поддржете ја нашата работа: