Индија го лансираше својот прв сателит


На височина од 650 км, мисијата на „ASTROSAT“ е да им помогне на астрономите за  подетално истражување на вселената. Сателитот кој го лансираше Индиската организацја за вселенски истражувања (ISRO), се смета за индиски еквивален на познатиот Хабл телескоп што САД го лансираа во 1990 година.

Според Институтот за фундментални истражувања Тата , со чија помош се направени оптичките инструменти, телескопот „ASTROSAT“ поседува извонредни можности да врши истовремена опсервација на вселенските објекти и феномени во видливиот, ултравиолетовиот спектар и х-зрачењето.

Се очекува телескопот да биде во функција 10 години и за тоа време негова примарна цел е да ги проучува бинарните сончеви системи кои содржат неутронски ѕвезди и црни дупки, да врши проценка на магнетното поле на неутронските ѕвезди, да ги проучува регионите каде се раѓаат нови ѕвезди и високо енергетските процеси надвор од нашата галасија. „ASTROSAT“, исто така ќе детектира и нови извори на х-зрачења и ќе врши ограничени истражувања во далечниот  Унивезумот во ултравиолетовото подрачје.

Сепак, иако изгледа како конкурент на познатиот Хабл телескоп , индискиот телескоп во некои аспекти не е толку моќен. Покрај тоа што има уникатна опрема, оваа опсерватотија е помала и намерно направена со помал век на траење, а сликите што ќе ги продуцира ќе бидат со помала прецизност од тие на Хабл.

Успешното лансирње на „ASTROSAT“, ја прави Индија петта сила во светот која испратила вселенска опсерваторија во орбитата, после САД, Русија, Европската вселенска агенција и Јапонија.  

enauka.mk
9,238наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,922денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.