Како ешерихиа коли станува корисна за фармацијата?

Со проширување на нивните природни метаболички процеси, бактериите може да се репрограмират и користат за конвертирање на лесно достапни извори на природна енергија во фармацевтската индустрија, пластиката и горивото.

Од клучно значење за овој процес на метаболички инженеринг на микроби е употребата на биосензори. Направени од биолошки делови, како на пример флуоресцентен протеин и „детектор” кој реагира на присуство на одредени хемикалии, биосензорите дејствуваат како прекинувачи и мерила кои ги вклучуваат и исклучуваат програмираните функции во внатрешноста на модифицираните клетки. Тие, исто така можат да се користат за откривање на тоа кои микробиолошки „работници” произведуваат поголеми количини од посакуваната хемикалија. На овој начин, тие може да се сметаат како медиум за двонасочна комуникација меѓу луѓето и клетките.

Но, досега, научниците имаа пристап до ограничен број на биосензори кои имаат мало значење за биопроизводството на корисни хемикалии. Сега, истражувачите од Институтот за биолошки инженеринг на Харвард, развиле нов пакет на вакви сензори, кои не само што го зголемија бројот на „прекинувачи и мерила” корисни за сложени генетски репрограмирања, туку исто така и реагираат на корисни производи како што е обновливата пластика или скапите лекови. Сензорите, исто така, им даваат „глас” на микробите за да известуваат за нивната сопствена ефикасност во производството на овие производи.

Со користење на новите биосензори, најефикасните микроби се лесно препознатливи, така што тие можат да служат како предвесници за колонии на бактерии кои се дизајнираат и развиваат за производство на обновливи хемикалии со секоја наредна генерација.

Наодите, исто така може да доведат до нови апликации во мониторингот на животната средина со користење на генетски модифицирани микроорганизми кои би давале предупредувачки сигнали во присуство на загадувачки материи или токсини и би дале сосема нов увид во суштината на метаболичките патишта.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.