Како гледаат бебињата

Новороденчињата можат да го видат изразот на лицето на своите родители на растојание од 30 сантиметри. Истражувачите успеале за прв пат да ја реконструираат визуелната перцепција кај новороденчињата.

Истражувањето е направено од истражувачите од Институтот за психологија при Универзитетот во Осло, во соработка со Универзитетот Упсала и „Eclipse Optics“ во Стокхолм, Шведска.

Со комбинација на напредна технологија на симулација, математика и претходни сознанија за визуелната перцепција нај новороденчињата, истражувачите конечно успеале да покажат колку новороденчето може да види од својата околина.

Резултатите покажуваат дека новороденче старо 2 до 3 дена, може да ги забележи лицата, а веројатно и емоционалните изрази на лицето на оддалеченост од 30 см. – што одговара на растојанието на мајката од бебето кога го дои. Ако растојанието се зголеми на 60 см, визуелната сликата станува премногу заматена, за бебето да може да го препознае лицето и изразот на лицето.

Со ова се пополнува празнината што со децении беше отворена, во врска со сознанијата за визуелниот свет на новороденчињата. Исто така може да помогне да се објаснат тврдењата дека новороденчињата можат да ги имитираат изразите на лицето на возрасните, во првите денови и недели од својот живот, долго време пред нивниот вид да биде доволно развиен за да ги забележува деталите од својата околина.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt