Ласерски радари ќе го мерат загадувањето во градовите

Ласерскиот радар е нова алатка за следење и мерење на воздухот и загадувачите на воздухот, која ќе следи и анализира загадувачи како што се „PM2,5“ – честички со дијаметар помал од 2,5 микрони кои може да навлезат во белите дробови и му штетат на здравјето. Според Министерството за заштита на животната средина, овие честички се најголемите загадувачи на воздухот во 74 градови во текот на првата четвртина од годината.

„Радарот има тесен зрак, одлична насоченост и отпорност на електромагнетни елементи. Може да следи речиси се’ во воздухот што влијае на нашето здравје“, вели Сонг Јубин, експерт за радари од Институтот во Пекинг, каде што се развива опремата.

Радарот е помал од досегашната опрема и користи помалку енергија, што значи дека може лесно да се монтира на возилата, бродовите, авионите, па дури и сателитите.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt