Лондонската фирма „WikiHouse“ ги претстави своите планови за 3Д печатење и градење на домови како решение на глобалната криза со недостигот на домови која се очекува со оглед на зголемувањето на светската популација.
„Идејата е да се овозможи едноставно да се сподели, а потоа и преземе куќа од интернет, на која потоа можете да и го прилагодите дизајнот и да ги испечатите деловите, користејќи машина наречена „CNC“, која во суштина претставува врска помеѓу принтерот што го имате дома и на пр. дупчалката, или пак некој стандарден материјал како на пр. иверка, што ви ги формира деловите, и во основа ви дава мебел на склопување“, вели Алистер Парвин, соосновачот на фондацијата „WikiHouse“.
Тој смета дека со тоа што веб-сајтот на неговата фондација ќе стане отворен форум, луѓето ќе можат да разменуваат идеи и да смислуваат иновативни заеднички решенија, на истиот начин на кој Википедија ни дава заедничко знаење.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























