Светска мапа на болестите

Наодите покажуваат дека светот може да биде поделен на седум региони за векторски човечки болести, односно болести кои се шират од штетници, како на пр. маларијата која ја шират комарците; и пет региони за невекторски болести, како колерата.

Интересно е дека не сите региони се граничат меѓу себе. Британските Острови и многу од нејзините поранешни колонии, како што се САД и Австралија, имаат слични болести и се класифицирани во истивекторски и невекторски региони. Но, поранешните колонии на Велика Британија во Африка и Азија имаат различни болести и затоа се наоѓаат во различни региони, што укажува на тоа дека колонизацијата е само еден од многуте фактори, како што се климатскиот и социо-политичкиот статус, кои влијаат на распространетоста на болеста во одредена област.

„Движењето на луѓето, климата, историјата и географијата се чини дека се важни фактори за  опстанокот и напредокот на болестите”, изјави Мајкл Џаст, главен автор на истражувањето „Разбирањето дека не сите патогени се насекаде може да има последици на здравјето на луѓето на глобално ниво“.

Истражувачите ги испитувале 229-те земји во светот за присуството или отсуството на 301 болест, 93 векторски и 208 невекторски. Пронајдени се повеќе региони со векторски болести, што најверојатно се должи на фактот дека векторите, односно штетниците кои ја носат болеста, понекогаш имаат ограничена подвижност. На пример, штетниците кои не можат да се справат со ладното време, како комарецот.

Истражувачите ги обележаа луѓето, животните и растенијата и нивното движење и еволуција низ целиот свет. Штетниците и патогените, на пример, во голема мера се игнорираат. Оваа студија е добар прв чекор во разгледувањето на односот меѓу луѓето и нивните патогени, кои предизвикуваат  значајни здравствени проблеми.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.