Геолозите бараат заштита на светските делти

Во написот, д-р Ливју Гиосан, геолог од Океанографскиот Институт „Woods Hole“ и неговите колеги, повикуваат уште денес да се направат напори за да се спречи губитокот на големи пространства на крајбрежјето, што како последица би предизвикало еколошки, економски и социјални кризи, како и големи миграции.

Проблемите почнуваат спротивно од течението на реките, изјавуваат авторите. Делтите на реките се изградени од седименти наталожени во устијата на реките, но браните и другите градежни зафати на реките го намалуваат протокот на седиментот. Реките Нил и Инд, на пример, денес носат 98  и 94 проценти помалку тиња отколку пред 100 години. На крајбрежјето, зголеменото ниво на морињата, што е последица од глобалното затоплување, ги разорува површините на делтите, така зголемувајќи ги и шансите за поплави.

Недостатокот на квантитативни познавања за основните процеси на делтите претставуваат пречка во напорите да се развијат одржливи стратегии за делтите. Во исто време, уште подетално треба да се разбере и улогата на здравото мочуришно земјиште во крајбрежните процеси.

Гиосан и неговите колеги повикуваат да се обнови дотокот на речните седименти и да се искористат природни методи за изградба на земјиштето за површините на делтите, преку светска мониторинг програма, координирана и водена од комитет на експерти при Обединетите Нации.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt