Ласерски привлекувачки зрак

Новата техника што ја развија физичари од Австрискиот Национален Универзитет (ANU) може да има широка примена, бидејќи е потребен само еден ласерски зрак. Може да се користи на пример во контролата на атмосферското загадување, или за пронаоѓање на мали деликатни или опасни честички што ќе служат како примероци.

За разлика од претходните техники кои користат фотонски импулс за да пренесат движење, привлекувачкиот зрак на истражувачите од „АNU“, ја користи енергијата од ласерското загревање на честиците и воздухот околу нив. Истражувачите го демонстрираа овој ефект на проѕирни честици од стакло обложени со злато.

Честиците се заробени во темниот центар на зракот. Енергијата од зракот ја удира честицата и патува по нејзината површина каде што се апсорбира создавајќи топли жаришта на површината. Воздушните честички кога ќе се судрат со топлите жаришта се загреваат и се одбиваат од површината, што предизвикува честичките да отскокнат во спротивна насока. За да манипулира со честичките, тимот ја поместил положбата на топлите жаришта со внимателна контрола на поларизацијата на ласерскиот зрак.

„Осмисливме техника која може да создаде необични состојби на поларизација во ласерскиот зрак, во облик на ѕвезда (axial) или во облик на прстен (azimuthal). Може непречено да се движиме од една поларизација во друга, а со тоа да ги запреме честичките или по желба да го смениме правецот“, велат истражувачите. Резултатите се објавени во списанието „Nature Photonics“.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt