Просторните способности се дефинираат како можност да се визуелизираат просторните односи и да се манипулира со истите.
Наодите од неодамнешното истражување, објавено во списанието „Evolution and Human Behavior“, нудат силна поддршка за односот меѓу половите разлики во просторната способност и машката конкуренција за парење.
Во психолошката литература, кај просторната способност и навигацијата се најистакнати половите разлики. Мажите се подобри.
Овие племиња се одличен пример за изучување бидејќи патуваат на далечина од 200 км во текот на годината и имаат релативно отворена сексуална култура.
Зошто мажите се просторно подобри е интересен феномен, велат авторите. Некои луѓе мислат дека тоа е општествен конструкт, но тоа не објаснува зошто моделот опстојува низ човековите општества, па дури и во некои други видови. Една хипотеза е дека мажите имаат поголема репродуктивна корист од добивање на повеќе партнерки. А еден од начините да дојдат до целта, е да се движат подалеку.



























