Каде оди вашата мачката?

Мачките се во основа мрзливи. Спијат, или барем лежат 90% од времето. По се изгледа, штом останат сами, почнува забавата.

„Your Wild Life“ и Музејот за природни науки во Северна Каролина, во соработка со „Movebank“ (база на податоци која ги следи движењата), има вградено ГПС чип во 50 мачки. Потребни се барем 1000, за да се доведе проектот до завршна фаза.

Научниците се едногласни во ставот дека овој проект е од големо значење за да ја запознаеме мачката. Во сличен експеримент од 2011година, пронајдено е дека мачките исклучително добро ги паметат патеките по кои се движат. Мора да се спомене дека уличните мачки се поактивни во споредба со згрижените.

Роналд Кејс, еден од лидерите на проектот, е оптимист и очекува многу изненадувања.

enauka.mk
9,252наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,325денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.