Ова се деветте најголеми инсекти на светот

Кога разговараме на темата инсекти, обично мислиме на нешто мало. Еве девет примери кои покажуваат дека инсектите можат да бидат и големи:

Titanus giganteus

Живее во Амазонските дождовни шуми, а слегува до Колумбија, Еквадор и Перу. Нивните “клешти” се доволно силни да скршат молив и нанесат сериозни повреди, бидејќи растат до 17 сантиметри во должина. Кога ќе нараснат престануваат да се хранат и едноставно летаат наоколу во потрага по партнер, се додека не умрат од глад. Кога ќе се почувствуваат загрозени, непријателот го предупредуваат со свиркање.

Megasoma elephas

Ова “мало момче” располага со арсенал од три рогови, од кои два се наоѓаат на неговата глава, а му служат за пресметка со непријателот. Може да нарасне од 7-12 сантиметри, а мажјаците се за два пати поголеми од женките. Живеат во јужен Тексас, Мексико, јужно-американските прашуми, но и во делови од Австралија. Животот им трае само неколку месеци.

Macropanesthia rhinoceros

Лебарката за човекот не претставува баш најомилен инсект, а што би рекле кога ќе кажеме дека постои и “гигантска” лебарка? Без грижи, таквата лебарка живее во Австралија, најчесто во тропските области на Квинсленд, а тежи 35 грама. Освен што расте до 8 сантиметри во должина, може да доживее и длабока старост од 10 години.

Macrolyristes corporalis

Ова е најголемиот штурец на светот. Живее во шумите на Малезија, каде во текот на денот мирува, но затоа има бурен ноќен живот. Женките ги заведува со пеење кое наликува на свиркање. Роднина е со скакулецот. Некои се вегетаријанци, а некои се хранат со помали инсекти.

Goliathus regius

Името му потекнува од познат библиски лик поради неговата големина и тежина. Доколку правите прошетка по тропските шуми на Африка, никогаш нема да наидете на овој инсект коиј тежи 100 грама и достигнува 11 сантиметри должина, бидејќи добро знае да се сокрие. Има два пара крилја, малечки канџи, а мажјаците имаат рог кој лучи на буквата Y. Добро е познат по своите шари.

Megaphasma denticrus

Инсектите со овој изглед обично се незабележливи и симпатични за децата. Барем додека во името не им додадеме “гигантски” и не ја зголемиме сликата за 50 сантиметри, како што овде е конкретен случај. Тие се вистински мајстори за камуфлажа и добро глумат дел од дрво или грмушка.

Deinacrida fallai

Weta е име за околу 70 ендемични видови инсекти од Нов Зеланд.Од нив 70, дури 11 гигантски видови претставуваат добар пример за гигантизам предизвикан од изолацијата на тој остров. Тие имаат околу 10 см должина, не сметајќи ги нозете и антените. Женките достигнуваат дури до 70 грама тежина, со што би ги посрамотила дури и врапчињата. Нивното име на грчки значи ужасен скакулец.

Attacus atlas

Тропскиот молец живее во области на југо-источна Азија и воопшто е најголем вид на молци. Површината на крилјата достигнува до 400 сантиметри на квадрат со опсег од 25-30 см. Иако името му е добиено по Титан од грчката митологија, во Кина е наречен “Змијска глава”. Во Индија се одгледува поради производство на свила, но не за комерцијални цели, бидејќи таквата свила е различна од познатата.

Bathynomus giganteus

Оваа членконога е роднина со ракот. Возрасните имаат 76 сантиметри должина, а се тешки 1.7 килограми. Живее во длабочините на морињата, а се храни со морски сунѓери и морски краставици. Води самечки живот на само неколку степени над нулата.


 



Поддржете ја нашата работа: