Волшебното дрво со 40 различни плодови

Во 2008 година Ван Акен започнал со создавање на хибридни растенија за потребите на една од неговите изложби.

 Дрвото започнало како мал чуден експеримент и во поголемиот дел од годината изгледа како секое друго дрво. Меѓутоа, на пролет, кога почнува да цути, може да се види неверојатен пример за инспиративната моќ на природата. Цути во различни тонови, црвена, бела, розева. Дрвото е комбинација од праски, сливи, кајсии, бадеми и многу други кои најверојатно не сте ги виделе досега, вклучувајќи и овошја кои одамна се во изумирање.

Ван Акен досега има создадено 16 дрвца, кои се наоѓаат во музеи и приватни колекции низ земјата.

Потребни се околу 5 години за да се развие едно дрво. Генерално повеќето од основните овошја се погодни за калемење и се меѓусебно компатабилни. Ван Акен експериментот го започнал со праски и кајсии, за со текот на времето да дојде до 40, број кој во себе содржи библиска симболика.

 Поголемиот дел од плодовите, Ван Акен ги подарува. Тој во иднина би сакал да создаде мала шума или овоштарници, кои би служеле за облагодарување на средината од една страна и развивање на можности за производство на храна од друга страна.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt