Психолошките рани се подеднакво болни како физичките

Отфрлањето е најчестата емоционална рана во нашиот секојдневен живот. Денес, благодарение на електронската комуникација, поврзани сме со илјадници луѓе кои може да ги игнорираат нашите пораки, текстови, слики и слично, што може да предизвика да се почувствуваме отфрлени.

Покрај овие мали отфрлања, изложени сме и на многу посериозни и пострашни, како на пример кога ќе не остави сопругот/сопругата, ќе не отпуштат од работното место, ќе не игнорираат пријателите или ќе не избегнуваат роднините поради нашиот начин на живот. Без разлика дали ќе искусиме големо или мало отфрлање, тоа секогаш е болно, најчесно повеќе отколку што очекуваме. Психологот Гај Винч ни објаснува зошто е тоа така и што можеме да направиме во врска со тоа.

Научниците со помош на магнетна резонанца го снимале мозокот на пациентите кои ги замолиле да се сетат на некое неодамнешно отфрлање. Забележале дека кога доживуваме некаков вид на отфрлање, во мозокот се активираат истите области како и кога чувствуваме физичка болка. Токму затоа дури и најмалите отфрлања се толку болни – тие навистина предизвикуваат (емоционална) болка.

Покрај емоционалната болка, отфрлањето влијае и на нашето расположение и самодоверба. За жал, најголемата штета од отфрлањето си ја предизвикуваме самите. Токму кога болката е најголема и самодовербата е најмала, ние стануваме самокритични и се повредуваме уште повеќе. Секој од нас го искусил тоа некогаш во животот.

Постојат различни начини за да се справиме со емоционалната болка и да си ја обновиме самодовербата. Како прво, не треба толку лично да го сфаќаме отфрлањето. Нема потреба да се обвинуваме за нашите постапки. Едноставно треба да се преиспитаме што сме направиле погрешно и тоа да ни послужи за во иднина да не се повторуваме. Ние како луѓе имаме потреба да се чувствуваме сакано и ценето од другите, а отфрлањето ја дестабилизира нашата потреба да припаѓаме некаде.

Погледнете го видеото каде што психологот ни објаснува како да се справиме со најчестите психолошки рани со кои се среќаваме во секојдневниот живот – неуспех, отфрлање, чувство на вина, осаменост, постојано навраќање и размислување на проблемите, траума и губење на сакана личност и мала самодоверба.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.