Во видеото подолу насловено „Спиење е поважно отколку што мислевме“, домаќинот Диг објаснува дека недостатокот на сон драстично влијае на нашето тело и дневна рутина.
Во основа, кога не сме доволно наспани е исто како целиот ден да го поминеме пијани. Ова може да резултира со одложени реакции и неспособност да се донесат мудри одлуки.
Што друго се случува доколку ни недостасува одмор?
Па, мозокот ќе се бори да научи нови работи и да ги консолидира спомените. Умот, исто така, ќе има проблеми со хормоните за сигнализирање кога нешто ви е доволно, што може да резултира со прејадување.
Покрај тоа, адреналинот поради недостаток на сон може да ги зголеми хормоните за стрес во телото, како и крвниот притисок, што на крај може да доведе до срцев или мозочен удар.
Во суштина, за една недела без сон има голема веројатност да се разболете, здебелите и да развиете дијабетис бидејќи имунолошкиот систем и метаболизмот почнуваат да опаѓаат.
Погледнете го видеото, за да дознаете 5 начини кои може да ви помогнат да го подобрите спиењето.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























