Во Тајпеј, главниот град на Тајван, моментално се гради облакодер, наречен Tao Zhu Yin Yuan Tower, а се верува дека ќе биде завршен до крајот на септември, оваа година.
Она што е особено интересно кај овој облакодер е тоа што на неговата фасада, кров и балконите ќе се наоѓаат 23 000 дрвја и грмушки, што е еднаква количина зеленила на Централ Парк во Њу Јорк. Во него ќе се направат 40 луксузни апартмани.
„Растенијата ќе апсорбираат 130 тони јаглерод диоксид годишно“, вели главниот дизајнер Винсент Калејбјут. Облакодерот ќе има крива форма и дваесет ката.
Растенијата нема да бидат распоредени само на надворешниот дел, туку ќе ги има и по ходниците. Подовите ќе бидат направени од стакло, а секој стан ќе има дневна соба, трпезарија, кујна, спална соба и „walk in“ – плакари.

Два пентхауси ќе имаат по 450м2. Од своите балкони, станарите ќе имаат прекрасен поглед на Тајпеј, а ќе имаат можност и да пливаат во внатрешниот базен.

Во облакодерот ќе се наоѓаат гаражи и теретани, а вентилација и осветлување ќе се вршат на природен начин.
Во 2008 година во Тајван, емисијата на CO2 изнесувала 260 милиони тони. Се разбира, овој облакодер нема да го реши проблемот со загадувањето и смогот во оваа област, но е голем чекор кон подигање на еколошката свест кај луѓето.

































