Mercedes-Benz и Bosch заедно во создавање на роботско такси

Во вторникот Mercedes-Benz и Bosch ги здружија своите сили за создавање и развој на само-возечки автомобили со цел да се создадат роботски такси кои сами ќе доаѓаат до корисникот кој ќе го нарача по телефон.

Договорот помеѓу најголемите производители на автомобилска опрема претставува силна конкуренција на другите компании во ова поле, кои исто така работат со авто-превоз.

Технолошките компании се обидуваат да се прилагодат на промените на пазарот и потрошувачите кои наместо да купуваат сопствени возила се повеќе користат паметни телефони за локација и изнајмување на автомобили. Сојузот стави крај на напорите на Дајмлер за производство на автономни возила.

Компанијата Бош, која е основана во 1886 година, кога основачот на Мерцедес Карл Бенз патентираше автомобил, во соработка со автомобилската компанија ќе развие програми и алгоритми кои се потребни за самостојно движење на автомобилот.

Ривалот на Мерцедес BMW, минатата година се здружи со израелската компанија Mobileye за производство на автономни возила, и со производителот на компјутерски чипови Интел, со цел да развие нова технологија која би можела да доведе со реализација на ваквите автомобили и нивно користење до 2021 година.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt