Првиот емотикон на светот можеби е врежан во Турција пред 3700 години.
Археолозите откриле антички бокал со изгравиран знак кој изгледа како емотикон, во античкиот град Каркамис. Експертите велат дека садот е намерно така означен, пишува Daily Mail.
Бокалот со малечка рачка, на предната страна има нацртано “смајли” лице. Бокалот е откриен во склоп на седумгодишните ископувања во турската област Каркамис која се граничи со Сирија, под водство на професор Николо Марчети, археолог од Универзитетот во Болоња.
“Откривме различни садови и урни”, вели професор Марчети за локалните медиуми. “Најинтересен е бокалот од 1700та година пред нашата ера, каде што е нацртан емотикон.
Бокалот бил користен за испивање на шербет. Многу е веројатно е дека на себе ја носи најстарата илустрација на насмевка.
Проф. Марчети вели дека пронајдената керамика припаѓа на ерата на Хетејците, античка цивилизација за која се смета дека живеела во северно-средишната област на Анадолија.
Бокалот со емотикон ќе биде прикажан во блискиот Археолошки музеј Газиантеп.
Официјално емотиконите се направени во осумдесеттите години, а денес секојдневно се користат околу 6 милијарди емотикони.
































