Афрички глушец роднина на слонот

 

Овој нов вид ровчица е наречен „Macroscelides micus “. Живее во стари вулкански формации на Нигерија и има црвено крзно што му помага да се вклопи во бојата на карпестата околина во која живее-вели Џон Дамакер ,еден од тимот научници кои се заслужни за ова откритие.

 Ова суштество со тежина до 28 грама и должина од 19 сантиметри заедно со опашот, во својата ДНК покажува сличности со многу поголеми цицачи.

 „Изгледа дека ова суштество, што личи на ровчица која се развила во Африка, е во многу поблиска врска со слоновите“-вели Дамакер.

 Ова ги изненади научниците кои велат дека единствена видлива врска на овие мали ровчици со слоновите е носот во облик на сурла.

Издолжената муцка е заедничка одлика на повеќе видови ровчици и надворешно тие многу наликуваат на долгоносестите глувци .

Но ровчиците не можат да се класифицираат како глодари.

 Дамакер ги поврзува новооткриените цицачи со антилопите според физикусот и навиките за спиење, а со мравојадите според ловечките вештини и пленот што го преферираат.

 Исто како и антилопите и овие суштества имаат долги и витки нозе во однос на големината на телото и повеќе преферираат да спијат под грмушки отколку да се закопуваат. Како и мравојадите, со својата издолжена муцка ја раскопуваат земјата во потрага по мравки и други инсекти.

 

Биолозите планираат наскоро да се вратат во Африка и да постават околувратници со минијатурно радио на новооткриените цицачи, со цел да откријат повеќе за нивните животни навики.


Досегашните наоди беа објавени во „Journal of Mammalog“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt