Агресивните луѓе се познаваат по одот

Еден од можните начини да се одреди  колку еден човек е агресивен е преку неговиот од, покажува едно истражување.

Истражувањето направено од Универзитетот во Портсмут покажало дека индикатор за агресивноста на едно лице се претераните движења на горниот и долниот дел од неговото  тело.

„При одењето, телото нормално по малку се ротира; кога човекот ќе зачекори напред со левата нога, левата страна од карлицата се движи напред заедно со ногата, левото рамо се движи наназад, а десното рамо напред за да се одржи рамнотежа. Агресивен од претставува одот при кој овие движења се претерано изразени“- објаснува водачот на истражувањето Лијам Сашел.

За целите на студијата, истражувачите ги проучувале личните карактеристики на 29 учесници. За да го одредат нивото на агресивност, учесниците пополнувале прашалник, при што е користен стандардниот тест за оценување на личноста, со кој се оценуваат личните карактеристики – отвореност, совесност, екстраверзија, љубезност и невротичност.

Со помош на техника која ги снима движењата, бележен бил нивниот од на трака за одење. Оваа технологија ги снима движењата на човекот и тие информации ги пренесува на дигитални модели на ликови во 3Д анимација. Од податоците добиени на овој начин, истражувачите ги анализирале движењата на градниот кош и карлицата и брзината на одот на лицето.

„Генерално, луѓето се свесни дека постои поврзаност помеѓу „swagger“  (одот на самоуверен и арогантен начин) и психологијата. Нашето истражување обезбедува емпириски докази дека личноста навистина се манифестира преку начинот на одење“- вели Сашел.

Според Сашел, идентификацијата на ваквиот однос помеѓу биолошките движења на едно лице и неговата неговата предизпозиција кон агресија, може да претставува основа за спречување на криминалот.

Истражувањето е објавено во „Journal of Nonverbal Behavior“:

Поддржете ја нашата работа: