Ако мириса на чисто, не значи дека навистина е

Истите хемиски реакции што се случуваат во атмосферата како резултат на смог и озон, всушност се случуваат и во вашиот дом додека чистите.

Истражувач од Институтот за инженерство „Дрексел“, детално ги разгледува овие реакции кои вклучуваат органско соединение наречено „limonene“. Се користи за добивање на пријатниот мирис на средствата за чистење и освежувачите на простории.

Истражувањето е со цел да се утврдат нус појавите од ова соединение, кое секојдневно го користиме во борбата со бактериите и смрдеата.

Секундарните органски аеросоли (СОАС) се микроскопски честички кои се создаваат кога озонот реагира на испарливи органски гасови, како што е „limonen“, хемиското име за мирисот на портокал, или „α-pinene“ кој е дел од мирисот на борови дрвја. Во природата, оваа реакција се случува цело време и создава голем дел од атмосферските аеросоли присутни во нашето опкружување. Во густо населените урбани средини пак,  овие честички може да бидат причина за создавање на смог.

Голем дел од аеросолите кои постојат во атмосферата на Земјата се природни, создадени од процеси како што се механичка суспензија од ветер или морски струења, но и вештачкото создавање како резултат на индустријализацијата не е за занемарување.

Истражувачите користеле специјално дизајнирана просторија за да го проучат реактивното однесување на воздухот во затворена средина. Така, тие го контролирале нивото на „limonene“ во средината преку импулси, исто како што би изгледало при чистење со средство кое содржи „limonene“, како и нивото на озон во просторијата, коешто може да варира во зависност од отворањето и затворањето на прозорците и вратите или користењето на одредени запарати за домаќинство.

Тимот тестирал 18 различни сценарија и го пресметал опсегот на формирање на секундарни органски аеросоли кога типични концентрации на „limonen“ биле присутни во средината богата со озон. Концентрацијата од органски аеросоли била приближно меѓу 5 и 100 мг/м3. За споредба, годишниот просек на аеросоли изнесува 12 mg / m3.

Ова истражување, како и пронаоѓањето на точната формула за пресметка на ризиците, се особено неопходни со цел да се разбере влијанието врз здравјето на луѓето кои користат големи количини на производите за чистење, како што се домашните помошнички и хигиеничарите.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt