Новиот ровер на НАСА ќе произведува кислород на Марс

Оваа прототип-технологија за производство на кислород би можела, во иднина, да им обезбедува кислород на истражувачите на Марс, како за дишење, така и за ракетно гориво.

Новиот ровер- истражувач “Марс 2020”  ќе биде опремен со инструменти наменети за геолошки истражувања на Марс, за пронаоѓање на хемиски траги од минат живот и ќе складира примероци од карпи за идните мисии. Како што кажува и самото име, целта на мисијата е да се истражи Марс во 2020 година.

 

“Оваа мисија ќе ја продолжи нашата потрага по живот во универзумот, а во исто време  нуди и можност за унапредување на истражувачката технологија”- рече Џон Грунсвелд од НАСА при претставувањето на инструментот.

 

Заедно со инструментот за сопствено производство на кислород, роверот ќе понесе и уште шест други инструменти кои вклучуваат:

“SuperCam” кој ќе врши далечинска детекција на хемиски траги од органски материи. Камерата ќе биде надополнета со спектрометар за потрага на евентуални записи од претходен микробен живот на планетата..

Потповршински радарски сензори кои ќе прават геолошка карта под роверот со прецизност од 1 сантиметар. Дупчалка за карпи за собирање примероци од Марс за идното враќање на Земјата.

Метеоролошка станица за мерење на температурата, брзината на ветрот, воздушниот притисок и прав во атмосферата на Марс.

Ќе биде опремен и со панорамска камера што ќе ја слика околината  и ќе помага во управувањето на роверот.

Во идеален случај роверот би требало да собере карпи на кои има биолошки материјал од претходен микробен живот, да собере околу 30 примероци и да ги складира во канистер до следната мисија на враќање на Земјата.


Вселенската агенција не ја објави локацијата на слетување на роверот, а предвид се замени 30 потенцијални локации.

Поддржете ја нашата работа: