Истражувачите од Центарот за астрофизика Хардвард-Смитсонијан, велат дека би можеле, во идеални услови, во блиска иднина да посочат постоење на одредени загадувачи .
Индустриското загадување го сметаме како придобивка на цивилизацијата, но веројатно цивилизациите многу понапредни од нас со нивните програми „SETI“ (search for extraterrestrial intelligence), го сметаат загадувањето како знак на неинтелигентен живот, бидејќи не е паметно да си го загадувате сопствениот воздух, вели Хенри Лин, еден од авторите.
Поконкретно, истражувачите сметаат дека телескопот „Webb Space “(JWST), кој е планирано да биде лансиран во 2021 година, ќе им овозможи на астрономите детекција на два вида на хлоро-флуорокарбон (CFC) во оддалечениот свет. Една можност е дека нивото на „CFC“ во планетарната атмосфера би бил 10 пати повисок од оној на Земјата.
Некои „CFC“ опстојуваат и по 50 000 години, додека други се распаѓаат по 10 години. Ако се направи разликата помеѓу тие типови во вонземскиот свет , може многу да се дознае за историјата на планетата, бидејќи ако не може да се сретнат живи примероци , можно е да се сретнат остатоци од цивилизација што самата се уништила, велат истражувачите од Харвард
Од друга страна пак, високото ниво на загадување би можело да биде знак и за напредна цивилизација.На планета која е надвор од зоната каде има живот, напредната цивилизација би можела намерно да испушти гасови “greenhouse” (гасови на стаклена градина) за да ја затопли и да ја направи погодна за живот.
Иако не е наменет за ваков тип на истражувања, истражувачите сметаат дека ако откријат ваква планета тоа би било поттик за развој на технологија која би овозможила подобра анализа на атмосферата на таа планета. Една таква технологија можеби би била во состојба да ја блокира светлината од ѕвездата, така што само светлината што поминува низ атмосферата на планетата би можела да се види и да се истражува. Засега, технологијата би можела да детектира загадување само на планети слични на Земјата кои кружат околу белите џуџести ѕвезди.
Белите џуџести ѕвезди се остатоци, откако некоја ѕвезда како сонцето ќе изумре.
Белите џуџести ѕвезди, од неодамна станаа интересни за тие што трагаат по вонземски живот, бидејќи се мислеше дека додека ѕвездата умира , односно кога е проголтана од тоа што се вика –црвен џин, секоја планета којашто би можела да има живот би била согорена.