За прв пат, Нобеловата награда за математика отиде кај жена

Честа ја има Мариам Мирзахани, професор на Универзитетот Стенфорфд со иранско потекло. Наградата ја добила за нејзината работа за симетрија на криви површини.

Наградата е официјално доделена на 13-ти август на Меѓународниот конгрес на математичари, во Сеул, Јужна Кореја.

Теоријата на Мирзахани е заснована на „чиста математика“, која вклучува теоретско разбирање на симетријата на криви површини и хиперболични објекти, но нејзините наоди, исто така, може да имаат практични импликации во квантната физика.

По дипломирањето на Универзитетот „Шариф“ за технологија во Техеран, Мирзахани заминува на Харвард.  Докторира во 2004-та година. Таа живее во Пало Алто, Калифорнија, со сопругот и ќерката.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt