Откриени две нови екстрасоларни планети

Овие две класи се исклучок од општото правило дека планетите се мали и карпести или големи и гасовити. Притоа, наодите ги поништија претпоставките на научниците за тоа како големината на планетата го детерминира составот.

Гасовити џуџести планети (анг. gas dwarfs)

 Гасовити џуџести планети со големина слична на Земјата и Нептун, беа откриени од  Ларс А. Бакхејв (анг. Lars A. Buchhave)  и соработниците од  центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан. Тимот испитувал податоци на повеќе од 600 планети кои орбитираат околу  400 ѕвезди, класифицирајќи ги по големина. Забележале очекувана одделувачка линија околу 3,9 пати поголема од Земјата.

На свое изненадување, виделе уште една поделба во оваа група, на околу 1,7 пати поголема од Земјата. Помалите светови се всушност карпести планети слични на Земјата. Но, планетите помеѓу 1,7 и 3,9 пати над  големината на Земјата претставуваат  нова класа на планета – гасовито џуџе , со густа атмосфера на водород и хелиум, но солидно карпесто јадро.

Различни класи на планетите, исто така соодветствуваат со металноста на нивната ѕвезда. (Астрономите го користат терминот „метал”  за кој било елемент потежок од водородот или хелиумот.) Гасовитите џинови имаат тенденција да се формираат околу ѕвезди богати со метали, а гасовитите џуџиња околу ѕвезди со помалку метал. На пример, Сонцето има најмала содржина на метал.

Како што се зголемува растојанието на планетата од матичната звезда, така е појасна промената од карпест во гасовит облик.

Подемот на мега Земјата

Астрономите долго време дискутираат за две планети „Кеплер-10б“ и  „Кеплер-10c“околу ѕвезда слична на сонцето наречена „Кеплер-10“ оддалечена 564 светлосни години , но немаа многу познавања за истите, освен тоа дека „Кеплер-10c“ е за 2,3 пати поголема од Земјата. Но, благодарение на новата и попрецизна технологија, тие конечно се во можност да ја пресметаат нејзината маса. Неочекувано, овој скромен мал свет тежи  17 пати повеќе од Земјата. Оваа масивна цврста планета, најверојатно има ист состав како Земјата (поголема и поцврсто компресирана). Науката се уште нема одговор на тоа како оваа планета успеала да стане толку масовна без доволно гас во близина.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt