Ако ти се допаѓа мојот мирис, значи ти се допаѓа мојата политичка партија

За време на истражувањето, 146 учесници ја оценувале привлечноста на мирисот на непознати припадници на либералната и конзервативната партија, без притоа да ги видат личностите чија миризба ја оценуваат.

„Луѓето не можат да ја предвидат политичката идеологија на другите преку миризбата, меѓутоа на различен начин ја сметаат за попривлечна кај оние личности со кои политички се согласуваат. Верувам дека мирисот пренесува важни информации за долгорочната политичка идеологија што се внесуваат во клучната компонента на потсвеснoто привлекување“, вели д-р Роуз Мекдермот, главен автор на студијата во американскиот весник за политички науки (American Journal of Political Science).

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt