Активниот живот е важен за мозокот и нервниот систем

Студијата објавена во списанието Frontiers in Neurosciene покажува дека невролошкото здравје зависи од сигналите кои мускулите на нозете ги испраќаат до мозокот и обратно.

Резултатите од студијата даваат нови показатели за тоа зошто пациентите како оние кои патат од мултиплекс склероза, атрофија на спиналните мускули и други невролошк болести доживуваат влошување откако движењето им станува ограничено.

Со помалку вежбање, телото доста потешко создава нови нервни клетки кои му овозможуваат на човекот да се прилагоди на стресните и животните предизвици.

“Нашата студија покажа дека луѓето кои не можат да вежбаат потешки вежби, како што се пациентите кои се неподвижни, па дури и астронаутите кои се на подолго патување во вселената, не само што губат на мускулна маса, туку и ја менуваат хемијата на своето тело на клеточно ниво. Исто така, тоа значително влијае на нивниот нервен систем”, вели Рафаела Адами од Универзитетот во Милано, Италија.

Во текот на студијата, на лабораториските глувци им е оневозможено користење на нивните задни нозе, додека претходните биле слободни да се движат. Експериментот траел 28 дена, а глувците продолживе нормално да се хранат и живеат. Ограничувањето на активноста релултирало со намалени нервни матични клетки за 70% во однос на глувците кои биле во можност да ги користат сите четири нозе.

Ограничувањето на активноста довело намалено количество на кислород во телото, кое создава анаеробна средина и менување на метаболизмот. Така студијата покажува колку всушност важна улога има движењето.

“Не се случајни препораките за активен живот. Невролошкото здравје не е еднонасочна улица каде мозокот им наредува на мускулите”, заклучува Адами.

Поддржете ја нашата работа: