Алкохолот ја подобрува меморијата кај старите лица

Алкохолот позитивно влијае кај лицата постари од 60 години, велат истражувачите од Универзитетот за медицина во Галвестон, Универзитетот во Кентаки и Универзитетот во Мериленд, под услов тие да не болуваат од деменција.

Во истражувањето биле вклучени 660 стари лица. Била пронајдена врска помеѓу алкохолот во староста и епизодната меморија, односно можноста за потсетување на настаните од минатото.

Умереното консумирање алкохол се поврзува со поголем волумен на хипокампусот, дел од мозокот одговорен за епизодната меморија. Овие наоди биле наведени во американскиот весник за Алцхајмерова болест и други деменции.

Наодите од истражувањата на животни сугерираат дека умереното конзумирање на алкохол може да придонесе за зачувување на волуменот на хипокампусот и подобрување на производството на нови нервни клетки во хипокампусот. Покрај тоа, изложувањето на мозокот на умерено количество на алкохол може да го зголеми ослободувањето на мозочните хемикалии кои влијаат на когнитивните функции и обработката на информации.

Оптималната количина е 1-2 алкохолни пијалоци на ден. Меѓутоа, претходно информирајте се за состојките на пијалокот и вашата моментална здравствена состојба, со цел да се избегнат контраиндикациите.

Сепак, мора да се напомене дека сето ова може да се должи на фактот дека лицата кои се во можност да продолжат со конзумирање на алкохол во староста, се поздрави, и затоа имаат подобри мозочни функции од оние лица кои ја намалиле конзумацијата на алкохол поради неповолни здравствени последици.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.