Американците повеќе се исплашени од кловновите отколку од климатските промени

САД во моментов се наоѓа во средината на т.н. епидемија на „напади од кловнови“ , па едно ново истражување од страна на „Vox“ открива дека ова не е само возбуда на медиумите, туку луѓето се навистина исплашени.

Всушност, анкетата покажа дека Американците признаваат дека се плашат повеќе од кловновите, отколку од климатските промени, тероризмот, па дури и смртта, и покрај фактот дека во моментов го поминавме најтоплиот 12-ти месец по ред некогаш забележан, имавме една цела година на рекордни температури, како и топење на глечерите кои се како темпирана бомба.

Сепак, според нив, кловновите се поморничави. Почнувајќи од август, пријавени се повеќе од 100 случаи на напади од кловнови во САД. Во анкетата на „Vox“ која беше спроведена од 15-ти до 17-ти октомври, вклучени биле 1.999 Американци – и 42 проценти од учесниците рекле дека, на некој начин, се плашат од кловновите.

Луѓето на возраст помеѓу 18 и 29 години биле најмногу исплашени, со тоа што скоро секој трет појавувал знаци за „coulrophobia“- техничкиот термин за страв од кловнови. Најголемиот дел од учесниците сметале дека владата треба да се ангажира повеќе за да ги спречи овие кловнови да ги тероризираат луѓето, а една третина од нив дури сметале дека ФБИ треба да превземе повеќе акција.

hqdefault

„Vox“ ги споредил овие резултати со неодамнешна анкета спроведена од Универзитетот Чепмен во Калифорнија, која анкетирала 1.511 Американци за тоа кои се нивните најголеми стравови. Кога резултатите се сумирале, истражувањето покажало дека повеќе луѓе биле исплашени од кловновите (42 проценти) отколку од кој било друг страв, освен корупцијата во владата (61 процент).

Ова се резултатите за некои од најголемите стравови од двете анкети:

  • Корупција во владата – 61 процент
  • Кловнови – 42 проценти
  • Терористички напад – 41 процент
  • Смрт на член од семејството – 38 проценти
  • Климатски промени – 32 проценти
  • Височина – 24 проценти
  • Смрт – 19 проценти

Демнењето на кловновите во 3 часот наутро можеби не е безбедно, но, тука се и огромниот број на податоци кои ни покажуваат дека климатските промени не се безбедни и веќе се случуваат.

1320_effects-image

Па, можеби, доколку сакаме да го привлечеме вниманието на луѓето за зголемувањето на температурите, треба да најдеме начин да го поврземе со кловновите, бидејќи, очигледно, дури ни смртта не е толку страшна како обоеното лице и црвената перика.

Поддржете ја нашата работа: