Археолозите ја открија досега најголемата викингшка секира

Археолозите во Данска неодамна откриле една од најголемите секири од времето на Викинзите.

И покрај тоа што е огромна, на секирата скоро и да нема декоративни елементи, што укажува дека секирата некогаш му припаѓала на некој исклучително снажен воин кој го користел оружјето пред својата смрт.

Археологот Кирстен Нелеман Нилсен од Музејот Силкеборг во Данска, за „Live Science“ истакнува дека ова е малку необично, бидејќи секирата е многу поголема и потешка од другите секири. Би требало да има долга рачка и да се користи со двете раце.

Чудно е што Нилсен не открива колку точно е голема или тешка секирата. Тој објаснува дека остатоците првично биле откриени во 2012 година во внатрешноста на „куќа на смртта“- еден вид на викингшка гробница со димензии 3,9 на 12,8 метри. Гробницата содржела три одделни гробови, а била откриена при еден градежен проект во југозападниот дански регион познат како Харуп.

Во внатрешоста на главниот гроб во „куќата на смртта“, истражувачите откриле остатоци од маж и жена, за кои тие сметаат дека претставувале „влијателна двојка“. Тие биле или благородници, или имале големо влијание во задницата, иако не можат со сигурност да кажат дали се работи за брачна двојка.  

До ваков заклучок истражувачите дошле според обележјата и предметите со кои двајцата биле погребани – особено сребрените нишки во облеката на жената и фактот дека била погребана со клуч, што претставувало статусен симбол во времето на Викинзите.

Исто така, мажот во главниот гроб бил погребан со огромна секира – една од најголемите што досега е откриена. Секирата веројатно се користела во битка, иако било потребно да се користат двете раце за да се подигне и веројатно било многу тешко да се замавне со неа. Поради овој факт, можно е секирата да служела за да влее страв кај непријателот.

Луѓето низ Европа се плашеле од овој тип на секира, која во тоа време била позната како „Скандинавска секира“ – или нешто како „митролез“ во ерата на Викизите, објаснува Нилсен.

VikingAxeHeader

Другиот гроб од „куќата на смртта“ содржел остатоци од друг воин, кој исто така бил погребан со неговата секира, која била помала од онаа пронајдена во главниот гроб.

Овие наоди се важни бидејќи Нилсен и другите археолози кои ја истражуваат културата на Викинзите се потпираат само на откритијата во ваквите гробници, затоа што досега не се откриени никакви населби или куќи од Викинзите, така што гробниците се единствена шанса што засега ја имаат научниците ако сакаат да дознаат повеќе за нив.

Сепак, ова би можело наскоро да се промени бидејќи минатиот април, научниците од Универзитетот во Алабама успеале да откријат знаци од населби на Северноамериканските Викинзи, со помош на сателитски снимки. Научниците планираат да започнат со ископувања  на локалитетот многу скоро, при што се надеваат дека ќе бидат откриени досега непознати артефакти од Викинзите.

Овие наоди уште не ја поминале рецензијата, но се целосно објавени на „Academia.edu“ за да бидат достапни за коментар од другите од оваа област.

Поддржете ја нашата работа: