Истражувањето објавено во „Nature“, се додава помеѓу големиот број на истражувања кои тврдат дека џуџестите ѕвезди може да имаат атмосфера загадена со тешки елементи- во некои случаи конституенти на вода. Знаењето дека планетите можат да бидат изворот на такво загадување ја поткрепува хипотезата која вели дека водата на Земјата била депонирана од карпести тела од далечни региони во нашиот Сончев систем.
Повеќето ѕвезди, вклучувајќи го и нашето Сонце, како што умираат стануваат бели џуџести ѕвезди – пред да станат црни џуџести ѕвезди или супернова- кога ќе го потрошат своето нуклеарно гориво. Нашиот стандарден модел на бели џуџести ѕвезди предвидува дека тие немаат елементи потешки од хелиумот во атмосферата, меѓутоа се’ поголем број на мерења на атмосферите на белите џуџести ѕвезди покажуваат присуство на потешки елементи како што се кислород, магнезиум, силициум и железо. Ова е изненадувачки, бидејќи очекувањата се дека силната гравитација на површината на ѕвездата ги потонува тешките елементи во центарот- оставајќи една едноставна атмосфера од водорот и хелиум.
Едно објаснување за ваквото загадување на атмосферата е дека некои карпести тела со слични карактеристики на оние во Сончевиот систем се судираат со белите џуџести ѕвезди и ја надополнуваат нејзината атмосфера со нови тешки елементи, вклучувајќи ја и водата. Меѓутоа, досега немало директни докази дека такви карпести тела постојат или дека може да паднат на бела џуџеста ѕвезда.
Авторите на ова ново истражување ја открија планетата со тоа што забележале прекини во осветленоста-како некој вид на сигнали- од белата џуџеста ѕвезда „WD 1145 + 017“ (позната и како еп 201.563.164). Исто така забележале слични, но послаби сигнали- сите на период помеѓу 4,5 и 5 часа. Користењето на дополнителни податоци од широката палета на телескопи на Земјата, им овозможило да протолкуваат дека овие прекини во осветленоста настануваат кога некое тело со мала маса ќе орбитира пред белата џуџеста ѕвезда, со што ја блокира нејзината светлина.
Иако однесувањето на овие прекини во осветленоста е комплексно, истражувачите сметаат дека најмалку шест помали планетарни објекти со маса слична или помала од онаа на џуџестата планета Церера, орбитираат околу џуџестата планета „WD 1145 + 017“ на секој 4,5 или 4,9 часа.
Астрономите исто така ја анализирале светлината од самата ѕвезда преку спектроскопија и потврдуваат дека навистина е загадена со елементи како што се магнезиум, алуминиум, силициум, калциум, железо и никел. Овие елементи најверојатно се појавиле во изминатите милион години, што е доста брзо во споредба со тоа што џуџестата ѕвезда е формирана пред 175 милиони години.
Што значи тоа за Земјата?
Кога нашето Сонцеќе умре, ќе се прошири и ќе стане огромна црвена џиновска ѕвезда и ќе ги зафати Меркур и Венера. Дали ќе се прошири до Земјата се’ уште е предмет на дебата. Кога ќе го потроши своето нуклеарно гориво, гравитацијата ќе предизвика Сонцето да се смали со големина колку на Земјата, но со толку голема густина што една мала лажичка би имала маса од 13 тони. Овој еволутивен систем може да влијае на орбитите на другите планети во Сончевиот систем, зголемувајќи ја шансата да се судрат едни со други и на крајот да се распаднат и да паднат во Сонцето, исто како во новата студија.
Истражувањето исто така може да објасни уште едно големо прашање за планетарната наука: дали водата на Земјата е присутна во праисконскиот материјал што ја формирал нашата планета или била донесена со судирите со други тела.
Претходно оваа година, беше откриено дека атмосферата на една друга бела џуџеста ѕвезда „SDSS J1242“ е загадена со голема количина на кислород, што ја зголемило можноста дека астероид кој носел вода може да ја донел таму при судирот. Но, не било можно директно да се откријат карпестите остатоци што го предизвикале загадувањето во системот. Новото истражување нуди релевантни докази за поврзаноста помеѓу распаднатите карпести тела и загадените атмосфери на белите џуџести ѕвезди.
Пред четири милијарди години, се смета дека Земјата и други карпести планети биле бомбардирани од комети и астероиди. Додека астероидите во нашиот Сончев систем денеска се бескорисни објекти, двете истражувања покажуваат дека тие навистина можат да носат голем број на тешки елементи. Можеби пред 4 милијарди години некој од нив содржел вода, а можеби дури и комлексни органски молекули кои ја овозможоле основата за живот.
Истражувачите се надеваат дека идните истражувања со транзитна спектроскопија на „WD 1145 + 017“, а можеби и на други системи, може ќе го откријат присуството на повеќекомплексни молекули во прашинестите остатоци во вселената.
Оргиналната статија е објавена во „The Conversation“