Аватари за земјоделците

 Истражувачите од Универзитетот во Јужен Квинсленд имаат развиено онлајн програма наречена „Second Life“ чија цел е да ги едуцира произведувачите на шеќерна трска за климатските промени, заштита на животната средина и најновите земјоделски техники.

Во едукативните видеа, виртуелни фармери дискутираат на одредена тема, на пример како да се намали потрошувачката на вода и фертилизацијата.

Идејата е да се поттикне свеста кај земјоделците за новите технолошки алатки за зголемување на производството и исто така да се зголеми свеста за потребата од заштита на водните ресурси, особено во сушни области. Истражувачите велат дека одзивот на земјоделците е добар.

Пилот-програмата вклучува и хумор елементи, за да биде поинтересна за земјоделците од сите возрасти. Досега има одзив од околу 400 австралиски произведувачи на шеќерна трска.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.