Автомобил пропатува 5500 км без возач

„Околу 99% од должината на патеката од 5470 км се одржа во целосно автоматски режим” – велат од компанијата, истакнувајќи дека целта била да се добие километражна статистика за понатамошен развој на системи за безбедност на автомобилот.

Резултатите ги надминаа нашите очекувања – изјави Џеф Овенс, директор на технолошкиот сектор на компанијата – добиените податоци од експериментот се од огромно значење за оптимизирање на изумот и забрзување на развојот на проектот.

Според извештајот на компанијата за 9 дена,  автомобилот ја преминал границата на 15 држави, соочувајќи се со тешки ситуации, вклучувајќи движење во збунувачки сообраќајни раскрсници, мостови и тунели, патишта во изградба. Опремен со камери, радар и систем за избегнување на судири, автомобилот – модел “Ку-5” (Q5) на брендот Ауди успешно се снајде со опасности како што се екстремни временски услови и агресивно возење на несовесните возачи.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.