Бадеми наместо чипс за децата

Истрaжувачите од Флорида направиле тестирање за да утврдат како влијае секојдневното конзумирање на бадеми и кај родителите и кај нивните деца.

Тие спровеле 14-неделно истражување каде биле собрани податоци од начинот на исхрана од 28 пара родители и деца. Исхраната на секој од нив биле рангирана според Индексот за здрава исхрана, скала со која се оценува квалитетот на исхраната на лицата врз онова на тоа колку се поклопува со националните препораки за исхрана. Резултатите под 51 се сметаат за лоша исхрана, помеѓу 51 и 80 укажуваат дека исхраната треба да се подобри, додека над 80 се смета за добра исхрана. Резултатот од родителите и децата што учествувале во истражувањето изнесувал 53,7, што значи дека постои голема потреба од подобрување.

Потоа, истражувачите додале бадеми во исхраната на учесниците во период од три недели. Родителите биле упатени секојдневно во исхраната да вклучат околу 43 грама бадеми, додека децата околу 15 грама бадеми или путер од бадеми. После завршувањето на оваа интервенција, Индексот за здрава исхрана се покачил во просек на 61,4, или за цели седум поени поблиску до она што претставува добра исхрана.

Бадемите се богати со витамин Е, магнезиум, калциум и фолати кои се важни за здрав развој. Но, бадемот е исто така намирница која заситува благодарение на големото количество на протеини што го содржат. Истражувачите се надеваат дека овие квалитети што ги поседуваат бадемите ќе овозможат учесниците да се откажат од разните  преработени грицки што се богати со натриум. Во последните 20 години, децата помеѓу 3 и 6 години сѐ повеќе јадат нездрави грицки, наместо јаткасти плодови. Со тоа што ќе ги внесат бадемите во секојдневната исхрана на децата, родителите ќе постават добра основа за воспоставување на здрави навики во исхраната на нивните деца.

„Навиките што ги стекнуваат во детството остануваат цел живот. Ако родителите ги внесат бадемите и сличните здрави намирници во исхраната на своите деца, голема е веројатноста дека тие здрави навики ќе се задржат и понатаму во животот“- истакнуваат истражувачите.

Истражувањето е објавено во „Journal of Nutrition“.

Поддржете ја нашата работа: