Бесплатен интернет за 1 милијарда Индијци

India city lights at night

Мукеш Амбани, најбогатиот индиски граѓанин, имплементира проект од 20 милијарди долари за 4Г, кој треба да им обезбеди бесплатен брз интернет на стотици илјади граѓани.

Мрежата, која беше лансирана во понеделникот, опфаќа повеќе од 80 отсто од државата. До март 2017 година, Амбани скаа да покрие 90 отсто. Индијците ќе имаат можност да го користат интернетот бесплатно до крајот на 2016 година, а потоа, корисниците ќе треба да платат барем 2,25 долари.

mukesh-ambani„Се што може да се претвори во дигитално, се претвора во дигитално, до експоненцијална стапка“, рече Амбани минатата година за време на годишното собрание на неговата компанија.

Досега само една петтина од Инцијците имаат пристап до интернет, додека проектот на Амбани ветува дека ќе ја зголеми оваа бројка.

 Сепак, според одредени критичари, ветувањата на Амбани се нереални, бидејќи серверот ќе се соочи со вистинскиот тест да обезбеди пристојна мрежа за поврзување и брзина, откако ќе се комерцијализира во јануари, со оглед на тоа дека станува збор за огромен број на луѓе.

Индиската влада сакаше да биде индиска компанија што ќе го направи тоа, а не странска.

what-urban-india-using-internet-for-720x428 Владата одби слична понуда на почетокот оваа година од Фејсбук, за да се пристапи до сиромашните, рурални средини во државата. Фејсбук тогаш изјавија дека се заинтересирани тоа да го направат поради хуманитарни, а не комерцијални причини.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt