Безусловната мајчинска љубов кај животните

Морските видри и прекумерната потреба од храна

Возрасна женска морска видра поминува 6 месеци од годината негувајќи барем едно младенче, понекогаш две. Не е лесно да се прехрани- таа мора да јаде количина еквивалентна на 20 до 25% од нејзината телесна маса секој ден за да преживее. Но тој износ мора да се зголеми во периодот кога има бебиња. Во првите шест месеци, додека дои, мајката има потреба речиси двојно да внесува храна, објавија истражувачите минатата година во Journal of Experimental Biology“. И да бидат работите уште полоши, понекогаш младенчето ја краде нејзината храна.

Поларните мечки се прегладнети самохрани мајки

Два месеци пред раѓањето, поларната мечка влегува во својата репродуктивна шема која трае 4-8 месеци. Во тој период таа не јаде и не пие. Малечките, кои тежат само околу половина килограм при раѓањето, растат брзо хранејќи се со мајчиното млеко. И откако тие се доволно големи за да одат надвор, мајката ги води нејзините бебиња директно на морето, па таа, конечно може да си фати оброк.

Тврдините на клукајдрвците

Различни видови на азиски клукајдрвци делат слична стратегија: со цел да ги заштитат јајцата од предатори, мајките се заѕидуваат во дрво со комбинација од кал, измет и старо овошје, оставајќи еден мал отвор преку кој таткото ги храни до четири месеци, кога мајката и децата се конечно спремни да се појават.

Бескрајни непроспиени ноќи

Човечките бебиња се познати по нивната способност да плачат и да го нарушуваат спиењето на своите мајки . Но, орките(китови убијци) и делфините мајки не спијат месец дена по породувањето. За разлика од човечките бебиња кои имаат потреба од многу сон и будни се мал дел од денот, мали орки и делфини не спијат со недели по раѓањето. Тоа значи дека нема спиење за мајката.

Мајка за вечера

Водоземците наречени „Microcaecilia dermatophaga„ ја јадат кожата на својата мајка, објавија истражувачите во 2013 година во PLoS ONE. Но, во неодамна, Сузан Милиус  истакна уште поодвратен случај- пајаците од видот „Stegodyphus lineatus“ си ја јадат мајката, односно и ги цицаат телесните течности до смрт.

Поддржете ја нашата работа: