Бионички прсти

Се работи за  роботичка направа која се закачува на рачниот зглоб и носи два долги прсти. Движењата на овие “дополнителни прсти”се контролира со специјално дизајниран алгоритам кој овозможува тие да се движат синхронизирано со прстите на корисникот.

Ова е потполно интуитивен и природен начин на придвижување на овие прсти. Не е потребно корисникот да му задава команди на роботот, доволно е само да ги движи своите прсти. Тогаш роботот реагира и им помага на вистинските прсти.

 

Алгоритамот што ги контролира бионичките прсти е базиран на два основни шаблони на движење, а тоа се истите што ги користи човекот кога фаќа некој објект. Првиот е приближување на прстите еден кон друг , а вториот е свиткување на прстите навнатре.

Само со користење на овие две едноставни движења , бионичките прсти му овозможуваат на корисникот да користи само една рака за работи кај кои е потребно да ги користи двете, како на пример: бионичките прсти ја придржуваат теглата додека вистинските прсти го одвртуваат капакот.

 

Натамошните истражувања се во насока на усовршување на овој прототип, меѓудругото да може да држи потешки предмети или како прстите да бидат позиционирани за  да можат да фаќаат предмети што се лизгави.

Покрај тоа, истражувачите се надеваат дека ќе пронајдат начин како роботот да ги фаќа предметите на начин каков што вообичаено го правел корисникот. Одредени движења како фаќање јаболка на пример, се разликуваат од човек до човек.

 

Истражувачите се надеваат дека со време ќе развијат технологија со која ќе овозможат роботот да се прилагоди на специфичните карактеристики на корисникот , слично како кај говорната команда (Siri) што ја користат  ајфоните. Очекувањата се дека овие роботски прсти ќе најдат широка примена, посебно кај лицата со ограничени способности.

“Секако, за да може овој корисен робот да најде широка примена, ќе биде потребно да се усоврши и редизајнира. Неговата величина би можела да се редуцира на третина и да се направи во форма на рачен часовник или бразлетна од коде би излегувале прстите и по завршената работа би се вратиле внатре во часовникот. Ваквите направи претставуваат можност роботите да ги доближиме до нашиот секојдневен живот”

вели Хари Асада,професор по инжинерство на „MIT“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt