Блескава пирамида во орбитата: Русија наскоро ќе лансира сателит, посјаен од повеќето ѕвезди

За две недели ќе биде лансиран Mayak (светилник), руски сателит, кој ќе стане една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо.

Малиот сателит е во форма на пирамида, а голем е отприлика колку векна леб. Ќе биде лансиран во петок на 14ти јули, леталото Сојуз 2.1v од космодромот Бајконур, Казахстан.

Проектот кој го води Државниот универзитет за механичко инженерство (MAMI) од Москва, има собрано повеќе од 30.000 долари на страницата Boomstarter.

Откако ќе дојде во орбитата, на височина од околу 600 км, сателитот ќе отвори и рашири голем пирамидален соларен рефлектор. Целта на сателитот е да свети појако од било која ѕвезда на ноќното небо. Тоа ќе се постигне со помош на рефлектор со површина од 16 квадратни метри, кој е 20 пати потенок од човечко влакно. Намерата на мисијата е да изврши технолошка демонстрација, да тестира како да ги раздели сателитите и повторно да ги деорбитира.

Врз основа на претходните пресметки, се претпоставува дека ќе свети со лумени од околу -3.6, со што ќе стане четвртиот најсветол објект на небото, после Сонцето, Месечината и Венера.

Инженерите кои стојат зад овој проект се надеваат дека ова ќе ги поттикне луѓето повеќе да се интересираат за вселената. Сателитот ќе може лесно да го гледаат многу луѓе ширум светот.

 

Поддржете ја нашата работа: