Бучавата во текот на ноќта влијае врз плодноста на мажите

Научниците од Јужна Кореја спровеле истражување кое вели дека изложеноста на бучава во текот на спиењето има негативно влијание врз плодноста кај мажите.

Научниците универзитети во Сеул веруваат дека изложеноста на бучава во текот на спиењето може да донесе хроничен стрес ефект врз организмот и така да ја намали плодноста.

Во спроведената студија се користени податоци од околу 206.000 испитаници на возраст од 20 до 59 години. Изложеноста на бучава се сметала врз основа на тоа каде испитаниците живееле и материјалите од националниот систем за податоци за бучава.

Податоците, собирани дури осум години покажале дијагностицирана неплодност кај околу 3.300 испитани мажи. По деталната анализа на возраста, приходите, пушењето, телесната маса, и слично, научниците дошле до фактот дека мажите кои во текот на ноќта биле изложени на бучава поголема од 55 децибели, просечно имале 14% поголем ризик за неплодност како дијагноза.

Станува збор за бучава, како на пример онаква каква што произведуваат клима уредите. Некои претходни истражувања кои биле спроведени на жени, покажале дека бучавата е ризик фактор за предвремено породување и спонтан абортус.

Д-р. Џејмс Нодлер од Хјустон, кој не бил вклучен во ова ново истражување ги објаснува резултатите: “Доколку нашето тело се наоѓа под силен стрес, тогаш тоа време не е погодно за репродукција.“

Нодлер објаснува дека големата бучава во спалната соба може да го поремети хормонот, познат како GnRH (хормон кој ослободува гонадотропин), кој пак го активира ослободувањето на другите хормони, важни за плодност. Додава дека следното истражување на оваа тема треба да го мери нивото на хормони кај мажите во соби каде што има бучава, и простории каде нема за потоа да се споредат резултатите.

Иако се потребни дополнителни студии за да се потврдат овие резултати, научниците препорачуваат, мажите кои се загрижени за својата плодност за го задржат ниското ниво на бучава во својата спална соба, како и да практикуваат добри мерки за хигиена. Тоа вклучува избегнување на вклучен компјутер или телевизор додека спијат.

Ваквата превентива не делува само на плодноста, туку и на општото здравје.

Поддржете ја нашата работа: