Чадот од темјанот е поопасен од цигарите

Неговата традиционална религиозна употреба прерасна во разни продукти за медитација, аромотерапија, или, едноставно, го користиме за да се ослободиме од несаканите мириси. И покрај тоа што често се поврзува со духовност и чистење, темјанот всушност може да им наштети на клетките и нивниот генетски материјал.

Една нова студија објавена во „Environmental Chemistry Letters“ ги анализира здравствените ефекти од горење темјан во затворени простории, дополнително споредувајќи ги ефектите на чадот од темјан и цигари. Биле тестирани два различни вида на темјан. И двата содржеле агар и сандалово дрво, кои се меѓу најчестите состојки кои се користат за да се направи темјан. Направени се низа тестови, меѓу кои влијанието врз јајниците и салмонела.

Истражувачите откриле дека темјановиот чад е мутаген, што значи дека неговите хемиски својства потенцијално би можеле да променат генетски материјал, како ДНК, односно да предизвикаат  мутации. Темјанот, исто така е повеќе цитоксичен и генотоксичен од цигарите користени во студијата, што значи дека чадот од темјан е потенцијално токсичен за клетките, а генетските содржини се особено ранливи. Сите овие токсини се поврзани со развојот на рак.

Утврдени се повеќе непријатни својства. Повеќето се само малку штетни, но во два примерока се најдени компоненти за кои се знае дека се исклучително токсични.

Јасно е дека треба да се има поголема свест за здравствените ризици поврзани со горење темјан во затворени средини.

Истражувачкиот тим се надева дека резултатите од студијата ќе поттикнат понатамошна евалуација на производите од темјан и мерки за намалување на изложеноста.

Поддржете ја нашата работа: