Истражувачите од Универзитетот во Гетеборг во Шведска откриле дека луѓето кои сакаат да апстинираат од алкохол имаат поголема веројатност да успеат во тоа ако работат со негувател кој исто така верува во целосна апстиненција. Истражувањето покажува дека луѓето коишто сакале да го контролираат своето пиење имаат помала веројатност да успеат во тоа дури и ако работат со негувател од таа област.
Ова истражување е објавено во весникот „Alcoholism: Clinical and Experimental Research“ и опфаќало 201 возрасно лице, две и пол години откако го започнале своето лекување.
Претходните истражувања покажувале дека за лекувањето да биде успешно, потребно е и пациентот и негувателот да бидат на иста страна. Но, сепак, ова ново истражување покажува дека тоа не е клучен фактор во определувањето на успехот или неуспехот на лекувањето. „Пациентите чија цел е целосно да апстинираат беа поуспешни од оние кои само сакаат да го контролираат своето пиење“-изјавува Кристина Берглунд, еден од основачите на истражувањето.
Истражувачите откриле дека речиси 90 проценти од пациентите кои како и нивните негуватели, верувале во целосната апстиненција, биле трезни веќе 2 и пол години откако го започнале лекувањето, додека пак само 50 проценти успеале да го контролираат пиењето.
„Лесно е да се верува дека заедничката цел е најважниот фактор во постигнувањето на добри резултати, но сепак не е толку едноставно. Нашето истражување покажува дека без разлика на целите и методите, на крајот, потешко е да го контролираме пиењето, отколку целосно да се откажеме“-додава Берглунд.
Според центрите за контрола и превенција на болести во САД, прекумерното конзумирање на алкохол резултирало со смрт на околу 88.000 луѓе во периодот помеѓу 2006-тата и 2010- тата година во САД. Еден од секои 10 смртни случаи, кај личности помеѓу 20 и 64 годишна возраст, е резултат од прекумерно конзумирање на алкохол.