Дали електричните четки за заби се подобри од обичните?

Никој не може да ја движи својата рака 30.000 пати во минута – брзината со која вибрира електричната четка за заби, но тоа не значи дека таквите четки секогаш се подобар избор од обичните, вели Томас Волф од Здружението на германски стоматолози.

“Механичкото отстранување на денталниот плак е најважна работа, и всушност се се сведува на тоа колку добро лицето ја користи својата четка за заби”, објаснува тој.

Иако некои студии покажуваат дека лицата кои се вешти во користење на електрични четки, можат да отстранат повеќе наслаги од оние кои користат рачни четки, разликата не е толку голема за стоматолозите да препорачаат само електрични.

Најважно е да се исчистат забите од сите страни, а не е на одмет покасно да го истриете јазикот со помош на четката.

Ефикасната техника за четкање на заби значи дека четката треба да ја држите под агол од 45 степени, половина на непцата, половина на забот и со кружни движења и мал притисок да ги миете забите еден по еден.

Мора да водите сметка за тоа што влакната на четката треба да бидат помеки а таа доволно мала за да успее да допре и до задниот дел на забите.

Електрична четка се препорачува на сите пациенти кои немаат трпение за долготрајно четкање и на кои чистењето на нивните заби е отежнато заради неправилен распоред.

Предноста на електрична четка за заби е оралниот туш, со кој доста ефикасно се чистат интерденталните простори, а недостаток е високата цена.

 

Поддржете ја нашата работа: