Новиот начин за поправање на заби ќе ги замени пломбите

Забите во иднина можат да се поправаат сами, на начин кој би можел да ја елиминира потребата од пломби, велат научниците.

Еден тим од Кралскиот колеџ во Лондон покажал како, хемиска супстанца може да ги поттикне клетките во денталната пулпа, со што се лекуваат малите дупчиња на забите. Експериментот е направен на глувци, пренесува Би-Би-СИ.

Новиот третман

Биоразградливиот сунѓер, натопен со лек го ставиле во забната празнина, со што направиле ефикасна природна корекција.

Забите имаат ограничени регенеративни својства. Можат да произведат тенок слој на дентин директно под глеѓта доколку внатрешната пулпа стане изложена, но неможат да ги поправат поголемите празнини, што е причина за посета на забар.

Стоматолозите обично мораат да ги поправат забите при што ги полнат со пломби направени од метал амалгам или композити на стакло во прав и керамика.

Таквиот полнеж, мора да се замени повеќе пати во текот на животот, па истражувачите се обиделе да ги зајакнат природните регенеративни способности на забите, така што самите од себе можат да си ги поправаат и поголемите празнини.

Научниците откриле дека лекот, наречен „Tideglusib“ ја подобрува активноста на матичните клетки во денталната пулпа, со што се пополнува празнина од 0.13 мм. кај забите на глувците.

Сунѓерот натопен со „Tideglusib“, се става во вдлабнатината на забот, а потоа преку него се премачкува со заштитен слој. Како што се разложува сунѓерот го заменува дентинот, и на тој начин самиот заб се лекува.

“Сунѓерот е биоразградлив, тоа е клучот на лекувањето”, вели професор Пол Шарп, еден од научниците кои работеле на овој проект.

“Просторот кој го завзема сунѓерот станува полн со минерали додека дентинот се регенерира, со тоа што нема да остане ништо што би можело да го расипе забот во иднина.” додава тој.

Научниците засега истражуваат, дали може да се користи истиот пристап за поправање на поголемите празнини.

Контраиндикации

На полето на регенеративната медицина, која ги поттикнува клетките забрзано да се делат со цел да ја поправат штетата, често создава загриженост во врска со ракот. Лекот „Тideglusib“, менува серија на хемиски сигнали кај клетките, што е забележано и кај некои видови на тумор, но лекот е веќе тестиран кај пациенти, како потенцијална терапија за деменција.

“Лекот веќе го помина сигурносниот тест за дополнителни промени и неможат да се случат никакви контраиндикации. Се надевам дека откривме вистински лек”, вели професор Шарп.

Поддржете ја нашата работа: